ОВИЕ ЌЕ СЕ ИЗБОРАТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА КОГА ЕЛВИС БАЈРАМ ЌЕ ЗАВРШИ ЕЛЕКТРО ФАКУЛТЕТ!

0
547

На денешниот вонреден конгрес што поладнево се одржа во Охрид Сојузот на синдикати на Македонија  (ССМ) не избра нов лидер.

По завршувањето на протоколарниот дел од седницата според најавениот дневен ред, требаше да се пристапи кон избор на ново раководство на Синдикатот, но поради незадоволство кај дел од делегатите и бурни забелешки бидејќи за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, Конгресот беше прекинат и воопшто не се пристапи кон изјаснување на делегатите.

Според најавите, Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

На Конгресот во Охрид што се одржуваше зад затворени врати, беа присутни 93 од вкупно 113 – те делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ.

Единствен кандидат за лидрската позиција на ССМ на Конгресот беше актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР