ОВИЕ КОПИТАРИ МАЈЧЕТО ИМ ГО РАСПЛАКАА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА : СЛЕДБЕНИЦИ НА ТОШО ПЕТРОВ И ВЛАДИКАТА ПЕТАР ВО АВСТРАЛИЈА ГО ЗАБРАНИЛЕ ОФИЦИЈАЛНОТО ЗНАМЕ НА МАКЕДОНИЈА ПО ЦРКВИТЕ!

0
2083

Редакцијата на ,,Народен Глас” доби допис по мејл од читател наш во Австралија каде се вели дека следбеници на Тошо Петров од СМК прават хаос по македонските цркви.

Скандалите  на владиката Петар во Австралија продолжуваат во сите пори на секојдневниот живот на нашите иселеници. Не помина незабележан уште еден скандал кој се случи на 11ти Ноември 2018 та година раководен од самиот владика Петар и Тодор Петров во дворот на  манастирот Свети Прохор Пчински во Мелбурн .

Имено самиот манастир е прогласен од владиката  како женски , а таму раководи Игуменот Никодим Солунчев , (поранешен рапер). Познато е дека токму таму е базата на Светскиот Конгрес , а самиот Солунчев е нивниот лидер.

Тие преку социјалните мрежи го повикаа македонскиот народ на пикник на одредениот ден , но му поставија скандалозен услов. Официјално тие го забранија легалното македонско знаме напоменувајки дека е дозволено само знамето со сонцето од Вергина.

Одзивот беше катастрофален со посетеност  од само 15-20 души , самонаречени војници на Светскиот конгерс за Австралија. Од тогаш па наваму никој македонец не смее да го пречекори прагот на манастирот ако во рака држи официјално македонско знаме.

Се поставува прашањето дали Светскиот конгрес  ги заборава и отфрла паднатите  македонци који ја бранеја држава и загинаа токму под тоа знаме .?С

Останатиот многуброен  македонски народ достојно си го празнуваше денот на независноста на 8ми Септември 2018та на плоштадот во Мелбурн каде беа развиорени многу македонски знамиња . – се вели во соопштението испратено до редакцијата на ,,Народен Глас”.