ОВИЕ КОМУЊАРИТЕ ЗАПНАЛЕ ДА ЈА ГАСИФИЦИРААТ МАКЕДОЊА, НАМЕСТО КАКО ЦЕЛ НОРМАЛЕН СВЕТ ДА ФАТАТ БАРОК, СПОМЕНИЦИ, ПАЛМИ, ФАСАДИ ГОСПОД ДА НЕ ВИДИ!

0
555
Јавен оглас за изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Штип

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја информираше јавноста дека во тек е јавниот оглас за изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Штип со максимум 20.000 метри должина.

Одделението за урбанизам ја има подготвено проектната задача и техничката спецификација.

„Еден од крупните капитални проекти за Општина Штип, којшто го најавивме за време на предизборната кампања, а тоа е гасификација на Општина Штип, започнува со својата реализација,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Со овој повик ќе биде избран економски оператор кој ќе има обврска да избработи идеен проект и основен проект со ревизија за конкретниот предмет на набавка и како таков да го достави до Општина Штип.

„Започнуваме крупен, долгогодишен процес, којшто ќе значи олеснување на животот на граѓаните, многу заштеди на енергија, многу помали сметки за загревање, проценето е дека ќе има 40% до 50%, а некаде и до 70% заштеда и помали сметки за загревање,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Јавниот оглас е објавен на 19.02.2018 во Електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на Република Македонија и Службено гласило на Европската Унија и ќе трае до 12.03.2018 г.

Проценетата вредност на овој проект без вклученост на ДДВ изнесува 4.950.000,00 денари.

Градоначалникот Бочварски зборуваше за многустраните придобивки од гасификација на општината: „Една од многуте придобивки од гасификација на Штип е помало загадување, а со тоа и почиста и поздрава средина за нашите граѓани. Очекувам во текот на оваа година експресно да ги завршиме проектирањата, а оваа постапка ќе почне успешно и ќе заврши успешно, со што на почетокот на наредната година ќе бидеме сведоци на поставување на првата гасоводна цевка во Општина Штип.“

Гасификацијата е еден од најважните проекти за општина Штип кој директно ќе влијае на намалувањето на трошоците за греење на секое домаќинство, јавна институција и приватна компанија и ќе придонесе за создавање поквалитетен живот на секој граѓанин.

Кабинет на градоначалник на Општина Штип