ОВА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОПЛЕСКУВАЊА НА СДСМ КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОВТОРАТ

0
5678

Во 2002 година СДСМ доби втора шанса да ја оправи работата.
Ја оплеска тотално.
Најголемото оплескување беше што поставија анонимен послушник за обвинител, кој не ги гонеше ни криминалите на воените профитери од 2001 (Љубчо Георгиевски и министерот за финансии Никола Груевски).
Второто оплескување беше што не ја решија аферата “Големото уво” и не спречија злоупотреби на МВР.
Третото оплескување беше што на чело на МВР поставија банкар, кој подоцна го поставија и за премиер (а на негово место за министер за внатрешни противуставно го поставија Сиљан Аврамовски).
Тука доаѓаме до четвртото оплескување – Б.Ц. одеднаш реши да стане претседател на Република Македонија во 2004 и ја остави владата на банкарот, кој за неколку месеци даде оставка.
Петото оплескување е што за премиер беше поставен Владо “лепливи прсти” Бучковски, подоцна познат како “тенковски делови”.
Шестото оплескување беше што за вицепремиер го поставија профитерот Минчо Јорданов!
Седмото оплескување беше што никаквецот Стевче Гревче Јакимовски беше избран прво за министер за економија, па за министер за труд и социјална политика!
Осмото оплескување беше што за министер за здравство го поставија Владо Димов, кој живееше како бегалец од правдата, со бугарско државјанство во Софија.
Деветото оплескување беше со случајот “Бачило” кој ја обелодени целокупната корупција во судството.
Десетото оплескување беше со случајот “Фабрика” кој го обелодени корумпирањето на новинари и медиуми.
Единаесетото и дванаесетото оплескување беа со непреземањето соодветни мерки за борба против сиромаштијата и невработеноста.
Се надевам дека СДСМ доволно научија од грешките во периодот 2002-2006 и дека нема слично да ја прокоцкаат и оваа трета шанса, која може да им биде и последна.

Фејсбук статус на Жарко Трајаноски