ОВА СЕ ВИКА ПР АВТОГОЛ, КОЈ АКО НЕ КОЧО: Фирма на милионерот Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

0
786

Кочо е како крава која дава многу млеко, ама од време на време знае да ја шутне кофата со млеко и све да ојде во мајчината.

Откако го спаси ФЕНИ и донесе одличен закон за енергетика кој ќе заштеди милиони евра на народот, откако почна да носи рекордни странски инвестиции и креираше политика за субвенции на домашната економија, тој сега се глупира за мочани 160 000е колку што кошта едно негово Порше…

Исто како што реши да ја продаде својата фирма баш на грчкото електростопанство во сред преговори за името, како што правеше гафови со новинари и НВО организации, тој изгледа нема политички сенс за ПР, класичен инженер и бизнисмен, антиталент за политика, на владата и носи позитивен пр два дена а третиот ден негативен пр, и пак така два дена позитивен пр, третион ден…

160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет за Алфа велат дека немало ништо спорно во ова.

-Вицепремиерот на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие, се наведува во одговорот од Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот не гледа конфликт на интерес, минатата недела дури и ги промовираше грантовите на кои и самиот е корисник преку уделот во „Каст инвест“, пишува Алфа.

Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, како и неговиот кум Митко Кржовски и бизнисменот Владо Атанасовски.

Меѓу грантовите што Фондот ги додели минатата недела се и оние на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец кој е косопственик на печатницата „Гинис“ од Прилеп која доби 162 илјади евра. Истата сума ја доби и весникот „Слободен печат“.
За директорот на Фондот за иновации нема ништо проблематично во распределбата на парите. За Алфа вели дека постапката била транспарентна.

На првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст грантови добија 80 компании или една третина од пријавените. Тие добија вкупна сума од 10 и пол милиони евра.