Ова е човекот кој го спаси Охридско Езеро од Грујо и Миле ебачот кој и еба мајката на пола Македонија а за малку куртули и езерото

0
292

3eafa10

Според сведочењето на Владо Лазаревик, ова е Охриѓанецот Дејан Пановски кој се судрил со Грујо и Миле на владина седница да не се вади целата трска од Охридско Езеро и да не се гради ѕид околу цело езеро…

D.Panovski_1

Човекот е од ВМРО ДПМНЕ но еден е од ретките кој му застанал на патот на паторот и дал се од себе да се спаси што може да се спаси. На овој човек треба да му се оддаде признание еден ден, ако е од талибанците…

Еве како била целата работа, во колумна во Фокус сето тоа го откри Владо Лазареви, заменик министер за здравство:

Тоа беше една од оние седници на Владата на Република Македонија развлечени како психоделичен локум од 12 напладне, па сѐ додека може да се издржи. Јас во тоа време често го менував министерот Селмани, кој беше и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор. Така имав можност да учествувам на повеќе владини седници.

Точка на дневен (по полноќен ред) е како да привлечеме повеќе туристи во Охрид. На седницата беше поканет да учествува и еден разумен човек, кој во тоа време ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за животна средина, Дејан Пановски, од Охрид. Претседателот на Владата се обраќа до членовите со креативен предлог:

„Што мислите да ја извадиме сета трска од езерото, да нема повеќе трска, непречено да можат луѓето да пливаат во езерото“?

Реакцијата на членовите на владата е збунувачка и најголемиот дел од нив молчат. Сепак, во одговор на овој предлог, својот глас на разум дава Дејан. Вели:

„Претседателе, видете, не можеме да ја извадиме трската од езерото зашто ќе го нарушиме целиот екосистем во езерото. Токму во трската се мрести крапот“.

Груевски го гледа, нѐ погледнува и нас, и му вика:

„А бе, Дејан, сега ние крап ќе мрестиме или туризам ќе тераме во Охрид“?

 ПСИХОДЕЛИЧНА ВЛАДИНА СЕДНИЦА

 Со оглед на тоа дека не се донесе финален заклучок, дали ќе се вади или нема да се вади трската од Охридско Езеро, креативноста на предлозите продолжува понатаму. Никола се фокусира да ги извади камењата и вели:

„А што мислите ние да ги извадиме сите камења од брегот на Охридско Езеро и да ги замениме со песок? Сѐ песочни плажи да има низ целото охридско крајбрежје“.

Миле, спремен како и секогаш, вика:

„Па, претседателе, видете, не знам со квалитетот на песокот како ќе се справиме. Ќе мора да донесеме од Грција, во Македонија нема таков песок. Посебна калибража на песокот треба, треба она, треба ова“.

Дискусијата се развива и се даваат предлози од каде ќе се донесе песокот, од некоја река во Грција, од ваму, од таму. Дејан Пановски повторно се обидува да внесе малку разум во предлозите:

„Претседателе, не можеме во Охрид песок да ставиме на плажите“.

Никола го прашува: Зошто? Па, вели, поради тоа што Охридско Езеро е немирно, има големи бранови и целиот песок ќе го повлече езерото.

Никола го погледнува и излага со најкреативниот предлог, барем на кој јас сум сведочел, што не ја исклучува можноста креативноста да се има надминато во годините потоа. Па, вели:

„Зошто да не направиме едно парапетче околу цело езеро, едно така 20 см високо, и пред влегување во вода, го рипнуваш парапетчето, и песокот си останува на плажите и сѐ е ок“?

Настапува тишина, не знам за другите, но јас знам дека имав чувство, кое до ден-денешен ме држи, а тоа е дека не ми се верува дека е ова седница на Влада на Република Македонија. Просто човек си мисли дека ова е скриена камера или Џон Клис и Монти Пајтон ја презеле власта. Како денес помнам дека излегов од седницата, се фатив за глава и си викам, Владо, човече, ова не се издржуе.

Во тој момент излегува и Ивица Боцевски, кој во тоа време беше портпарол на Владата. Сметајќи го за разумен човек во тоа време, му велам, Ивица, бе човече, дај да бегаме, ова е луда работа. Тоа беше 2007 година. Ивица ми вика, не Владо мора да останеме, во институциите се прават промените. А бе, му возвраќам, да, во институциите, но кога со вакви предлози се излегува, ќе излудиме.

Сепак, се чини дека стигнавме и до 2015 година, при што креативноста на предлозите на Никола несомнено ги има доживеано своите најславни периоди во годините во кои јас повеќе не сум можел да сведочам и ќе мора некој друг да пренесе дел од атмосферата во која биле поставени членовите на Владата. Имено, Зоки Ставрески тоа на еден мошне сликовит начин го долови преку своите разговори со Горде Јанкулоска.

Она што, исто така, ми остави впечаток е дека јас оваа приказна, кога Никола сакаше да го направи Охрид море, ја имам раскажувано безброј пати во кругот на пријателите со кои се дружам. Сум ја раскажувал и на студентите на кои им предавам. Мислам дека речиси секогаш на луѓето не им се верувало дали ја зборувам вистината или не. Но, сигурен сум, а тоа и со Ивица заеднички своевремено го имавме констатирано, дека кога ќе се отворат стенограмите од седниците на Владата за млади истражувачи што ќе сакаат да работат на теми поврзани со критично носење одлуки и креирање политики на ниво на Влада, ќе се отворат уште безброј вакви приказни.

Она што секогаш е фантастично и допрва ќе биде предмет на долгогодишни научни и комични анализи е моќта со која дел од ваквите креативни предлози се реализираа. Моќта со која луѓето беа и сѐ уште се спремни да ја поддржат лудоста. Иако не сум бил во можност да сведочам, речиси сум сигурен дека креативноста на идеите поврзани со „Скопје 2014“ е настаната токму на една таква креативна психоделична владина седница, која со текот на времето се има надградувано и проширувано. Но, што би рекол Никола, вистината е како шило, боде, боде и на крај ќе излезе на површина.

Владимир ЛАЗАРЕВИК