Оваа ќе го јаде стапот: Советничка на ДПМНЕ призна дека младите од Битола се иселуваат поради политиките на РЕЖИМОТ!

0
390

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Трпезановска јавно на седница на Советот на општина Битола откри зошто се исeлувале младите од држaвата. Расправајќи за состојбите во битолското образование и за се помалиот број на ученици во училиштата, Трпeзановска призна  дека политиките на власта придонеле младите да си заминат од држaвата, но тоа треба да се подразбере во позитивен контекст, јави Мета.

– Со укинување на визите за европските земји, а визите беа укинати благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ се отвори европскиот пазар на кој секој со своето образование и квалитет може да конкурира – вели Трпезановска.

Што се однесува до барањето на Советот да се изгласа намалување на бројот на учениците во една паралелка под законскиот минумум во училиштата, Трпезановска тврди дека ако има помалку деца во едно одделение, децата поефикасно и подобро учат и ја совладуваат материјата. Таа нагласи и дека помалиот број ученици во одделениет нема да ги остави наставниците на улица.

– Со намалувањето на бројот на ученици во училиштата директорите прават големи напори за правилна прераспределба на работните места, на наставниците, но во рамките на постоечката ситематизација, се со цел никој да не остане на улица – вели Трпезановска.

Од опозицијата на ваквото  признание на Трпезановска возвратија дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ што доведоа до иселување на младите никако не би смееле да се стават во позитивен контекст.

– Младите се иселуваат и нема деца поради катастрофално штетната политика на ВМРО-ДПМНЕ кон младите и општеството, а не заради тоа што е добро и убаво во државата. Училиштата се празнат се празни и држвата – рече Валентин Груевски од ЛДП.

После две и пол години од овој состав на Советот на општина Битола како никогаш досега за дискусии на советничката говорница се пријавија и неколкумина советници од власта. Вообичаено седниците поминуваа само со говорите на советниците од опозицијата, јави дописникот на Мета.