Оваа храна го намалува ризикот од добивање на рак

0
353
Превенцијата е најдобар „лек“ за секоја болест, а нема подобра превенција од здравата исхрана. Еве што треба да внесувате за да бидете целосно заштитени.

На крајот сè се сведува на тоа дека треба да јадете детска храна, бидејќи освен тоа што таа е најздрава, го спречува и развојот на многу малигни заболувања.

Сите во детството сигурно сте слушале приказни кои ве терале да изедете нешто. Најчестата изјава е дека зајакот има силни заби затоа што јаде моркови.

03-roasting-carrots2

Ако во меѓувреме сте станале родители или ако тоа ви е во план, подгответе се за истите трикови. Научниците сега пронајдоа причина за оваа храна да ја јадете почесто и вие, возрасните.

Резултатите од истражувањето, кои се објавени во магазинот “American Journal of Clinical Nutrition”, откриваат дека кај жените со високо ниво на каротеноиди, постои помал ризик од развивање одредени видови на рак на дојката, пишува британски „Mirror”.

Каротеноидите се широко распространети во природата. Најважните каротеноиди се каротените, бидејќи тие во човечкиот организам преминуваат во витамин А. Освен провитаминските активности, каротените, особено бета каротенот и ликопенот имаат и други својства кои можат значително да допринесат за човековото здравје.

01-21-Yellow-vegetables

Така, бета каротенот кој е најмногу застапен во зеленото, жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, рак на белите дробови и го крева имунитетот кај постарите личности.

Ликопенот, кој е најзастапен во доматот, лубеницата, црвениот грејпфрут и во друго обоено овошје и зеленчук, делува како антиоксиданс, го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови, желудникот и простатата, рак на дојката, дебелото црево, јајниците, панкреасот и мочниот меур, како и ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Експериментите покажале дека исклучително го намалува ризикот од појава на тумор и има заштитно делување на кожата, очите, црниот дроб и белите дробови.

Најдобар извор на алфа каротен се варените моркови и тиквата.