ОВАА ПОСЕРЛАТА ШТО ТРОШЕЛА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ЗА ШОПИНГ ПО МАРКЕТИ И БЕНЗИСКИ ПУМПИ И СОЛИ ПАМЕТ НА НОВАТА ВЛАДА КАКО ДА МЕНАЏИРАЛЕ СО НАРОДНИТЕ ПАРИ?!?!

0
3970

Еве како се покажа оваа посерла во менаџирањето на народните пари:

Машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи, се дел од продуктите кои наводно ги купувала Слободанка Алексовска, поранешната раководителка на Центарот за вработување на Скопје при Агенцијата за вработување, информираше на денешната прес-конференција директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска.

Како што посочи Јовановска, Алексовска, во согласност со позитивните правни прописи е суспендирана од работното место раководител на Центар за вработување на Град Скопје, односно донесена е одлука за поведување на дисциплинска постапка која ќе продолжи по завршувањето на изборите. Во тек е комплетирање на документација неопходна за поднесување кривична пријава за сторени кривични дела од страна на Алексовска.

„Слободанка Алексовска несовесно, спротивно на правните прописи, со злоупотреба на службената положба и овластувања нанела штета на имотот и буџетските средства на Агенцијата за вработување. Спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила, Алексовска користела две службени возила надвор од работното време, по 16 часот и 30 минути и тоа за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење на годишен одмор. Од буџетот на Агенцијата Алексовска трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцните вечерни часови. Исто така, за угостителски услуги правела повеќе сметки во износи над 6.000 денари во доцните вечерни часови и за време на викенди“, информираше Јовановска.

Нејзината претходничка, како што кажа, од буџетот на оваа институција во 2016 година потрошила 429.597 денари (околу 7.000 евра), а за првата половина од оваа година 116.625 денари (околу 2.000 евра) за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично. Како доказ за овие тврдења Јовановска на новинарите присутни на денешната прес- конференција им приложи фотокопии од фискални сметки.

Јовановска додаде дека ревизија за годините пред 2016 година се уште не е направена и дека ќе се преземат мерки за да се истражи целосно работењето на Агенцијата и на сите раководители во тој период.