Обединети за фудбалот: Претседателот на ФФМ, продолжува со реализација на стратешкиот план од фудбалската федерација да направи приватна фирма која ќе го сотре и така веќе издишаниот македонски фудбал

0
307

Соопштение на „Обединети за фудбалот“:

Тотал(итар)на приватизација на ФФМ.

Техничарот за комуникациски и преносни уреди, олицетворен во Илчо Ѓорѓиоски , Претседател, а во исто време и Управител на ФФМ, продолжува со реализација на стратешкиот план од Фудбалската Федерација на Македонија да направи приватна фирма која ќе го сотре и така веќе издишаниот Македонски фудбал.

Стратегот на планот го затекна ФФМ со 29 вработени. Од 13.09.2012 истиот примил на работа 18 ново вработени.

Структурата на новопримените е:

– 6 лица од Ѓорче Петров

– 2 лица по” клуч”

– 1 лице од “пријателската” адвокатска канцеларија

– 9 лица-пријатели.

Меѓу така примените, помеѓу останатото, имате:

-Машинист, потоа прецизен механичар и работник без стручна спрема кои работат како Администратори (3 лица).

-Продавач кој работи како Секретар.

-Психолог кој работи како Правен менаџер.

-Милиционер кој работи како Маркетинг агент.

-Магистер по криминологија кој работи како службеник за финансии, итн…..

Во исто време техничарот заклучи и голем број на договори за дело од кои најмалку 7 лица се од Ѓорче Петров.

Завршната сметка на ФФМ покажа за колку пари така е зголемен трошокот за ангажирани.

Откако ги прими сите овие лица, одеднаш, му текна дека сега ФФМ е пренатрупано, па по направената анализа реши да отпушти најмалку 6 лица.

Овие лица се со стаж, образование, квалитет и искуство, меѓу најдобрите во ФФМ.Но, сите имаат иста фалинка. Не се од тајфата на Илчо.

Така, методата на рационализација што ја примени ставајќи ги лицата од неговата приватна фирма на платниот список на ФФМ, сега ја применува во обратна насока со неподобните и нелојалните.

Заборавајќи при тоа, дека тоа се луѓе со фамилии кои ќе ги доведе до тешки егзистенцијални проблеми. Така рационализирајќи го ФФМ, нивната вкупна плата си ја додели себе си, веројатно како награда за успесите кои ги реди. Во ФФМ има луѓе со интегритет, морал и достоинство, епитети непознати за Претседателот и Управителот.

Ги има многу, а еден од нив е и Господинот Серафим Димовски кој е пример на човек, кој ставајќи го на страна својот личен интерес, имаше доблест да каже НЕ. Не сакаше да гласа и да стави потпис за акт со кој 6 квалитетни и искусни фудбалски работници треба да станат социјални случаи. Не, на во оваа прилика и нечовештината на Ѓорѓиоски.
А не му е прв пат……

Нашата препорака е едноставна и навлегува во сферата на народната мудрост која вели: “Не му го прави на друг она што не би сакал тебе да ти се случи……”

Скопје 08 Април 2016