НУКЛЕАРНА БОМБА – РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ИМА: Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот!

0
139

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

„Судот не изрази сомнеж за неуставноста и незаконитоста на оспорената одлука“, официјално велат од судот.

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна и предложи да се стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, поднесена од Левица и Светскиот македонски конгрес.

Мнозинството од судиите не се согласуваат со неа.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски, прашањето не е двосмислено и нејасно. „Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните“, рече Костадиновски.

Извор : МакФакс