Британски „Сан“ нешто пред полноќ вечерва ја пласираше ексклузивата на денот. Според истата се вели дека Манчестер Јунајтед го решил тренерското прашање за идната сезона.
Како што се наведува, управата на „црвените ѓаволи“ донела одлука тимот да го води и понатаму Оле Гунар Солскјер на кого одлично му оди. Наводно веќе се е договорено, но официјално од клубот ќе биде соопштено за неколку месеци, најдоцна до април.
Solskjaer to be named Man Utd boss full-time | @ncustisTheSun https://t.co/fOWDXhJPap pic.twitter.com/5Yo7DKxS3i
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) February 10, 2019
Како што е познато Норвежанецот пристигна како позајмен тренер од Молде со цел да го „угаси пожарот“ по лошите резултати кои резултираа со отказ на Мурињо.