НУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗАЕВ: НЕМА ДА ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО 2018-ТА ГОДИНА, КОЛКУ СМЕ, ТОЛКУ СМЕ!!!

0
2073

На новинарско прашање денеска во Прилеп дека изборот за јавен обвинител покажал дека Владата има тенко и нестабилно мнозинство во парламентот и како планира да се справи со тоа, премиерот Заев кажа дека тоа тенко мнозинство било здраво за демократијата на земјата и дека не планира предвремени парламентарни избори во 2018 година.

„Тоа е добро за Македонија, не ни требаат нови диктатори во државава. Тенкото мнозинство беше потврдено и при формирањето на Владата.

Тоа мнозинство и сега се држи на некои 61 до 65 пратеници во зависност од нивната определба, на точката на дневен ред, но на крајот на денот тоа е добро за демократијата.

Јас сум растеретен човек. Додека има мнозинство има и Влада, ако нема мнозинство се прегрупираат политичарите во обиди да создадат ново мнозинство, ако не се оформи избори не ни бегаат.

Она што е важно за бизнисмените и граѓаните е дека јас како мандатор и како премиер не планирам во 2018 година да има избори.

Тоа е година во која што треба да одработиме, граѓаните да го почувствуваат тоа, ние ветивме живот за нив. Животот се појавува насекаде, луѓето го чувствуваат тоа, слободата е насекаде, но мораме да ги подигнеме економските параметри.

Тоа се и со право очекувања на сите граѓани на Македонија. 2019 година е период кога ќе има претседателски избори, дотогаш треба сите да се посветиме, без разлика дали сме власт или опозиција да одработиме за граѓаните“, потенцираше премиерот Зоран Заев.