НОВО МАФИЈАШКО СЦЕНАРИО НА МАФИЈАТА ЗА СПАС ОД РОБИЈА : Избришани дел од „бомбите“ од Јутјуб каналот на СДСМ!

0
1208

Седумнаесет „бомби“ досега се блокирани од официјалниот Јутјуб канал на СДСМ, а во најголемиот дел од нив според СДСМ се слуша гласот на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На блокираните „бомби“ пишува дека извесна фирма „ОМД Нетворк“ побарала авторски права, па поради тоа содржината е блокирана. Сомнително е ваквото блокирање на прислушуваните разговори од Јутјуб каналот на СДСМ со оглед на тоа што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од нивното објавување тврдеа дека „бомбите“ се сечени, лепени и монтирани. jutjub1

Од СДСМ за А1он рекле дека не се запознаени со блокирањето на бомбите.

– Наша прерпоставка е дека такво пријавување може да прави некој кому му сметаат бомбите, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа Никола Груевски не може да избега од вистината па колку сака нека ги бирше од Јутјуб „бомбите“, рече за А1он портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Освен „бомби“, од Јутјуб се отстранети и неколку други видеа, во кои се гледа или се слуша Никола Груевски.