НОВО ПОТРЕСНО СООПШТЕНИЕ НА БАЧЕВ И БЛОКИРАМ : УТРЕ СИТЕ 50 ДУШИ ОД ,, МАЌЕДОЊА – БЛОКИРА” ЌЕ УРЛАМЕ ЈАКО ПРЕД СОБРАНИЕ И ЌЕ ГИ СПРЕЧИМЕ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!

0
382

Прес конференција – „Македонија-Блокира„ утре со голем народен протест пред Собранието ќе ги спречува уставните измени.

„Македонија Блокира„ на денешната прес конференција се осврна на големиот Сенароден протест пред Собранието на 9 декември со цел спречување на уставните измени.

На прес конференцијата, Јанко Бачев рече:

Почитувани,

Како што е познато, лани на 4-ти ноември, осумдесет и четири организации – политички партии и здруженија од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се формира Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори, кој настапува под слоганот „Македонија-Блокира„.

Како што најавивме, во изминатиот период „Македонија-Блокира„ организираше сенароден протест пред Собранието, собири пред домовите на 8-те одметнати и уценети пратениции, блокада на магистрални патишта во градови низ Македонија, блокада на булевари во Скопје и блокада на граничниот премин Богородица.

На денешната прес конференција ја информираме јавноста за големиот Сенароден протест во организација на „Македонија Блокира“.

Сенардониот протест ќе се одржи утре, среда, на 9 јануари пред Собранието во 12 часот.

Истиот ден, утре, среда, 9 јануари, во Собранието се одржува седница на која пратениците ќе гласаат за уставните амандмани за промена на Уставот.

Значи, во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за уставните амандмани, а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ.

„Македонија Блокира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија влегуваат во финална битка со марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори кои сакаат со уставните измени да избришат се што е македонско.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Првата фаза кога настапувавме како „Македонија-Бојкотира„ и во која победивме со народот на 30 септември со неуспешниот референдум, е веќе зад нас. Сега доаѓа втората фаза Македонија – Блокира.

Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ.

Последна шанса за нашата генерација!

Затоа, повикуваме и очекуваме масовно присуство на Сенародниот протест пред Собранието без оглед на политичката или било каква припадност оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Во овој контекст да спомнам дека имаме инфромации за смислени провокации и провоцирање на инциденти. Ја користам приликата да апелирам на водржаност оти ова е собир за одбрана на највисоките национални и државни интереси.

Го повикуваме и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот Семакедонски протест.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер.

Масовно излегување на Семакедонскиот народен протест пред Собранието, ден, вторник, 8 јануари, 12 часот, по кој ќе биде решена големата дилема, или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско ИЛИ Македонија ќе победи. Трето нема!.

Ви благодарам,