Новиот Samsung Galaxy S8 ќе го има во три бои и ќе чини 799 евра

0
125

Љубителите на уредите на Samsung ширум светот имаа прилика да видат како ќе изгледа новиот Samsung Galaxy S8, откако „протекоа“ фотографии од моделот што на пазарот ќе се појави во три бои: црна, сива и сребрена.

Првите фотографии од новиот телефон уште во јануари ги откри блогерот Еван Блас, а сега ги претстави и трите бои.

Тој на Твитер исто така објави дека телефонот во Европа ќе се продава за 799 евра и тоа за моделот S8, а моделот S8 Plus ќе чини 899 евра.

Тој исто така откри и дел од цените за додатоците за телефонот како приклучната станица DeX, новите слушалки GearVR и камерата 360 Gear.

Samsung ќе го лансира новиот телефон на специјален настан на 29 март, а првите купувачи наводно ќе може да го добијат од 21 април.

img-325742

СПОДЕЛИ