НОВИНАРОТ АЦО КАБРАНОВ ОТКРИ ШОКАТНА ИНФОРМАЦИЈА: Миле Јанакиевски е жив фатен со вибер пораки како го координирал упадот во собранието на 27-ми април!

0
6697

Новинарот Ацо Кабранов напиша колумна на Либертас со име ВИБЕРОТ НА ЕКС МИНИСТЕРОТ, која е прочитана над 10 000 пати досега:

Како Зврле замина така почна да се одмотува клопчето на актерите во крвавиот пир во мрачниот четврток. Апсења веројатно допрва ќе има. Засега е само на оние најистурените, оние безмозочните кои реагираат само на команда, „претепај и убиј“.

Организаторите и, се разбира, главниот нарачател на монструозниот чин кој ја шокираше не само домашната туку и меѓународната јавност, чинам допрва ќе имаме можност да ги видиме. За инволвираноста на Чавков знаеме, притаен од јавност го чека исходот, но верувам нема да и помогне на правдата. За нарачателот само претпоставуваме дека го спакувал сценариото и заминал како по обичај, овој пат да јаде чоколадни моцарт бомбони и да глуми лудило во стилот „Жими мајка, ништо не знам“.

Чавков и Груевски признаа јавно дека и пред и за време на нападот биле на вибер комуникација. Но дали шефот комуницирал преку виберот само со тогашниот прв човек на БЈБ или сепак главната курирската команда -портите на парламентот да се отворат за да влезат тепачите – ја пренел некој друг, истрагата допрва ќе открие.

Според некои информации на пратениците предводени од Муковски командата да ги отворат вратите им ја пренел екс-министер бескрајно лојален на шефот и, на негова жал, натрупан со еден куп обвиненија за злоупотреби додека бил министер.

Моите извори велат дека лично тој преку неговиот вибер им ја пренел пораката на вмровските пратеници да ги отворат вратите за да влезат договорените тепачи да ја извршат нарачката. За несреќа на будалетинката вибер разговорот бил пресретнат и наводно истрагата го има.

Затоа велам, за јавноста уште една ај да речам забава, а за “будалетината“ уште едно обвинение кое ако се потврди ќе потврди и дека кога е во прашање наредба од шефот мозокот не го вклучувал туку само извршувал.

п.с.

Не знам дали ќе има пиштење и вриштење, но барем ќе сфати дека во системот кои тие го изградија дури и виберот може да те издаде.

СПОДЕЛИ