НОВИНАРИТЕ НА НОВАТВ ДОЈДОА ДО ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ : РЕЖИМСКИОТ КОПИТАР МАРКО ЗВРЛЕВСКИ ГИ ШТИТЕЛ ГРУЕВЦИ СО ПРЕКУ 150 РАКОВОДИТЕЛИ, НАЧАЛНИЦИ, ИНСПЕКТОРИ И ТАЗЕ ВРАБОТЕНИ ПОТТРЧКОВЦИ ВЕРНИ НА ЗВРЛЕ И МАФИЈАТА ДО ГРОП!

0
3155

Околу 150 инспектори, раководители, началници од МВР во моментов се ангажирани на привремени работни задачи во Јавното обвинителство на чие чело и натаму е Марко Зврлевски, дознава НОВА ТВ. Тие иако се вработени во МВР се под директна ингеренција на Зврлевски. На овој начин, велат извори на НОВА ТВ во МВР, Јавниот обвинител врши блокада на Министерството, бидејќи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема контрола врз овие вработени.

Оваа можност за ангажирање на полициски службеници на Зврлевски му ја дозволува Законот за кривична постапка. Во него пишува:

„По потреба, заради ефикасно спроведување на кривичната постапка, на јавниот обвинител по негова наредба ќе му бидат доделени на работа службеници кои исклучиво му се на располагање на јавниот обвинител, работат под негова контрола и надзор, ги почитуваат и извршуваат неговите наредби, работат согласно со неговите насоки и упатства и за својата работа му одговараат на јавниот обвинител. За времето додека службениците се доделени да работат кај јавниот обвинител не можат да бидат распоредени на друго работно место во државните органи од каде што доаѓаат или да бидат отстранети да работа од предметниот случај, без изречно одобрение на јавниот обвинител“, пишува во Законот за кривична постапка.

Тоа значи дека тие не смеат да бидат разрешени од страна на министерот Спасовски, ниту пак против нив може да се поведе дисциплинска постапка.

Најголем дел од полициските службеници се вработени во Одделот за организиран криминал во МВР, а во Јавното обвинителство се распоредени во скопското Обвинителство и во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според Законот, Јавниот обвинител има право да ги одбере со име и презиме кои точно лица сака да ги преземе од МВР. Изворите на НОВА ТВ велат дека повеќето од ангажираните полициски службеници се кадар на ВМРО-ДПМНЕ и на овој начин се заштитени од евентуални распределби во МВР се додека на чело на Јавното обвинителство е Зврлевски. Тие само од време на време се појавувале во Обвинителството, односно секој ден доаѓале на работа во МВР, иако таму не работат ништо и немаат никаква обврска кон Министерството. Поголемиот дел од истражителите,  Зврлевски ги земал пред изборите во декември и таму ќе бидат  на неодредено време.

НОВА ТВ праша во Јавното обвинителство колку вработени од МВР во моментов се привремено ангажирани, но оттаму одбија да ја кажат точната бројка.

Целата истражувачка сторија ќе може да ја прочитате ОВДЕ

СПОДЕЛИ