НОВА : Јанкулоска и Мијалков повторно ќе добијат обезбедување од МВР ?

0
187

Владата на седницата на 23 август ја измени „Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат“, во делот на временскиот период за кој што може да добијат обезбедување од Шестата управа на МВР, пишува Нова.

Досега според оваа Уредба, членови на Владата, претседателот на Собранието и други функционери, имаа право на обезбедување најдолго „до една година“ по престанувањето на функцијата. Со најновата измена, која денеска е објавена во Службен весник, поранешни функционери ќе добијат право на лично обезбедување „за времетраење на опасноста“.

Проценката за тоа дали некој поранешен функционер треба да шета со телохранители и колку време ја врши МВР. Според Уредбата, тоа се прави „во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет поради преземени определени дејствија во вршењето на нивната функција“, пишува Нова.

Повеќе ОВДЕ