Нова лидерска средба закажана за утре

0
284

За утре е закажана нова средба на лидерската четворка Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, потврдија за Либертас партиски извори. На оваа средба ќе се направи уште еден обид за постигнување компромис меѓу власта и опозицијата околу преодната влада која би ги подготвила и реализирала предвремените парламентарни избори најавени во договорот од Пржино за април догодина.

johanes-han-540x248

Опозицискиот лидер Заев вчера потврди дека партиски екипи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ деновиве се среќавале за да разгледаат како може да се постигне договор отфрлајќи дека тие средби биле тајни како што објавија медиумите.

Утрешната нова лидерска средба со присуство на странските преставници е во затегната ситуација по чекорот кој го презеде власта судот да почне процес против Заев за случајот Пуч во кој Груевски го обвинува дека го уценувал да прифати техничка влада.

По одлуката на Скопскиот суд да ја прифати пријавата на премиерот Заев вчера излезе со изјава дека тоа е политичка одлука на правосудните органи диригирана од Груевски и најави дека во иднина ке го игнорира судот и нивните покани и повика веднаш да биде уапсен.