НОВА ЖРТВА НА РЕЖИМОТ ОД ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ : Приведен па пуштен Достовски, активист за легализација на марихуаната

0
875

Полицијата вчера го привела, за по неколку часа да го пушти на слобода, активистот на Зелена Алтернатива и поборник за легализација на марихуаната во медицински цели, Филип Достовски, пренесе Нова.

Неколку часа во полициска станица поминал вчера активистот за легализација на марихуаната во медицински цели, Филип Достовски. Тој бил кај пациент на кого му правел масло од канабис, кога примил повик од неговиот татко, дека полицијата го чека дома и го претресува неговиот дом.

„Бев во полиција од седум до 12 часот и полицајците беа коректни. Дома беше извршен претрес во кој беше најдена количина на марихуана дадена од болни пациенти за правење масло од канабис, како и див коноп кој се користи за ЦБД масла и за епилепсија. Откако заврши испрашувањето, пуштен сум  да се бранам од слобода“, изјави Достовски за НОВА.

Тој не крие дека прави масло од канабис за пациенти кои се болни од рак и дека понекогаш кај него луѓето доаѓаат со марихуана за да ја оцени дали е доволно добра за да се создаде масло.

Текстот во целост прочитајте го тука