НИШТО ОД ТРЕТИОТ ПАТ, НЕСУДЕНИОТ ЛИДЕР ЗАВРШИ ВО ЌОРКА ВО ХРВАТСКА ЗА ФИНАНСИСКА ИЗМАМА!

0
499

Бизнисменот Љупчо Палевски веќе два месеца е во екстрадициски притвор во Србија. Тој беше уапсен на 12 септември оваа година на белградскиот аеродром по меѓународна потерница распишана од Хрватска.

Неговиот адвокат Васко Стојков вели дека го посетува притворениот Палевски секои десетина дена.

„Чекаме конечна одлука за екстрадиција од српските власти за Палевски да се појави пред судот во Хрватска, да ги презентира доказите во негова полза, по што очекуваме обвинението да биде повлечено“, вели адвокатот Стојков.