НИШТО ОД ВЕРНОСТА НА ТАЧИ КОН ВМРО-ДПМНЕ ДО ГРОП : МИЈАЛКОВ ВО СУД А МЕНДУХ ТАЧИ ЗАЕДНО СО АФРИМ ГАШИ ОД БЕСА ВЛЕГУВААТ ВО ВЛАДА

0
196

ДПА на Мендух Тачи и Беса на Африм Гаши влегуваат во Влада. Ова вчеравечер било прецизирано по средбата на Тачи и Гаши со премиерот Зоран Заев, пренесе Плусинфо.

Партиските извори за порталот откриваат само дека и ДПА и Беса добиваат по едно министерско место. ДПА на Тачи го добива министерството без ресор кое остана испразнето по изборот на Рамиз Мерко за градоначалник на Струга.

Беса на Гаши пак, го добива министерството за култура.

И двете партии ќе добијат заменик-министерски позиции, дрќавни секретари и директори но не се открива кои.

Со ова Заев ги финишира преговорите за реконструкција на Владата.

И ДПА и Беса одлуките за влез во Владата на Заев ќе треба претходно да ги потврдат во своите партиски органи.

Денеска во 12 часот за влез во Владата ќе решава Централното претседателство на ДПА во Тетово.