Никола Димитров ја освојува Европа : Турскиот министер за надворешни работи утре во посета на Македонија

0
1489

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу утре ќе престојува во работна посета на Македонија.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на натамошното продлабочување на економската соработка.

 Двајцата министри ќе разговараат и за актуелните теми во регионот и пошироко, како и за соработката на меѓународен план.

Во рамки на посетата предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата Зоран Заев.

Министрите Чавушоглу и Димитров ќе присуствуваат и на Ифтар вечера која во чест на турскиот министер за надворешни работи ќе ја организира Амбасадата на Република Турција во Скопје.