НЕ ГО ВИДОВ МЕРЦЕДЕСОТ ВО МВР!!!

0
474

Официјално во МВР доставив пријава против полицаецот Здравко Анчевски, командир на вод во ЈРМ, кој минатата седмица, за време на протестите, пред мостот на Јавното обвинителство, без причина и без никакво претходно усно предупредување, ме удри од зад грб. Ноќта кога бев задржана, болницата службено пријави во полиција дека имам повреда нанесена од друго лице.

jasminaangelova

 

Истата ноќ дојдоа тројца полицајци од ПС Центар и ми земаа изјава каде се случил настанот, како сум повредена и кој ме повредил. Им ги дадов сите податоци, а тие ги запишаа. Се надевав дека изготвиле службена белешка од разговорот со мене и дека ќе превземат службени дејствија против него. Денеска ми кажаа дека немаат податоци за полицаецот, а одговорниот на групата што беше во болницата, не се појави пред мене за да ми објасни зошто така направиле. Отидов да пријавам за да превземат соодветни мерки против сторителот и да спречат насилничко и непрофесионално постапување на полициски службеник за време на службените задачи, со што штети и на угледот на МВР на РМ.

Во ПС Центар чекав околу 1.5 час, за потоа да ми соопштат дека нема да разговараат со мене и да почекам да дојдат од Секторот за внатрешна контрола, затоа што ме удрил полицаец. Потоа, ми кажаа дека инспекторите од внатрешна контрола, не можеле да дојдат да ми земат изјава и јас да одам кај нив во бараката.

Не е проблем, со вртоглавица и главоболка, отидов и таму. Ме прими началникот Сашо и еден дежурен инспектор, беа навистина коректни, за потоа да ме упатат во писарница, да ја поднесам пријавата и да добијам приемен број на доставената пријава со доказен материјал.

Инаку, сѐ можеше да биде едноставно. Ја примаат пријавата во ПС ЦЕнтар и ја препраќаат во СВК. Нејсе. Не ме предомислија! Бев упорна до крај. Мене не ми е страв да влезам во МВР.
Повторно, стапнав во кругот на МВР, откако под пртисок на силен мобинг го напуштив работното место пред неколку месеци.

Чекорам кон бараката на писарницата, која се наоѓа на сосема другиот крај од главната капија. Одам полека. Ај што ми се врти во глава! Ама до толку, си реков, не можам воопшто да се движам по патеката. Нема услови да се движиш по неа, а на улицата има паркирани службени возила. Што направиле со полицискиве реформи и инвестиции на Јанкулоска???

Цементираната патека пред зградите, од еден крај до друг (од II до V), дупче до дупче во тротоарот. Чевлите ќе ми се заглавеа. Не може да се чекори. Руина. Дворот не го средивте!!! Ама затоа МВР сега си има мерцедес од 600.000 евра. Зарем да се рафрлате од буџетот за неколку вреќи цемент, песок…? Пусто чаталање и фалби со лаги!!!

Патот ме води кон УБК, морав да поминам од таму. Во истиот миг на десетици метри пред мене, се појави поранешниот директор на УБК. Излета од возилото и се стрча по степениците. За малку ќе се сретневме очи во очи.
Баш ми се допадна убавиот писмен состав во неговата оставка. Можеби помогнала и вечно благодарната судијка!. Неуспеав да прашам! Ниту го видов мерцедесот!

prijava12 prijava13