НЕМА ЉУБОВ БЕЗ СТРАДАЊЕ, ИМА ЛИ СТРАДАЊЕ БЕЗ ЉУБОВ

0
1189

Да не постоеше љубовта или страдањето немаше да постојат големите поетски имиња, немаше да постојат многу војни, што е многу чудно и контрадикторно, музиката ќе беше далеку посиромашна ако не постоеше љубовта – страдањето.

Примери низ историјата постојат многу кои го потврдуваат погоре напишаното. Есенин, никогаш немаше да ја напише една од најубавите негови песни ,,Не ме љубиш, не ме сакаш”, ако не постоеше Исидора Данкан на која и го посвети целиот свој краток живот и заради љубовта кон неа рипна од четвртиот кат на еден хотел во Санк Петерсбург и се самоуби.

Стиви Вондер немаше да биде Стиви Вондер ако ја немаше љубената и заради нејзе и ја посвети песната ,,Те повикувам за да ти кажам дека те љубам”.

Сандро Ботичели никогаш немаше да ја наслика сликата ,,Раѓањето на Венера”, ако таа “Венера” не беше покрај него.

Никогаш немаше да се случи Тројанската војна ако не постоеше убавата Елена која од љубов избега со Парис во неговата Троја.

Многу војсководители за да се докажат, погрешен начин, како мажи започнувале војни и на тој начин сакале да ја докажат својата љубов кон жените кои што ги љубеле.Еден од нив е и Наполеон кој што во името на својата љубена Марија Валевска започнал многу војни.

Па дури и Хитлер црпејќи ја силата на Ева Браун водел успешна, додуша краткотрајна војна против светот.

Еден од големите мислители, философи, државници Мустафа Кемал – Ататурк ја црпел љубовта од жените за мудро да управува со својата држава.

Јоко Оно е главната мотивација да Џон Ленон ја напише евергрин песната ,,Imagine”.

За да постои ред во космосот му претходи хаосот, редот и хаосот се тесно поврзани бидејќи еден без друг неможат да постојат.

Во кинеската философија и мудрост постои Јинг и Јанг, две спротивности кои постојано се бараат и кога ќе се најдат го создаваат целото. А цело е кога има се, нели лепотичке?!

Та така љубовта секогаш ја следи страдањето, како нејзина спротивност, и секогаш страдањето раѓа љубов.

Љубовта припаѓа на космосот, а космосот и припаѓа на љубовта. Ако некој ме праша зошто некого/ја љубите, а вие му дадете некаков одговор како тврдење дека некого/ја љубите тогаш верувајте не љубите, се залажувате. За љубовта не постои дефиниција, и на прашањето поставено погоре одговорот е дигање на раменици и едноставно љубам.

Со посвета … те гушкам лепотичке, твој, тапчо тапчоски.