НЕКОИ БРАТУЧЕДИ ВО ПРИЛЕП СЕ БЕТЕР И ОД ЛЕБАРКИ ПОДОМА – Поранешниот директор Златко Ристески и братучед на екс градоначалникот Марјан Ристески го оштетил јавното претпријатие за половина милион евра

0
342

„Досегашниот директор на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, прв братучед на поранешниот градоначалник Мајран Ристески, го оштетил јавното претпријатие за 500.000 евра“, истакна на денешната прес конференција в.д. директорот на ова јавно претпријатие, Ѕвонко Јованоски.

Јованоски рече дека во изборните години , од јули 2011 до јуни 2012 година и во текот на целата 2016 година, Ристески не поднесувал тужби против домаќинствата коишто не ги плаќале сметките. Исто така, своеволно и спротивно на законот, на одделни коминтенти Ристески им го простил долгот, со што, само по овој основ, го оштетил претпријатието за над 10 милиони денари.

„Од друга страна, спротивно на Законот за работни односи и Колективниот договор, не им исплаќал на вработените одредени надоместоци. Вкупно 170 од 350 вработени го тужеле јавното претпријатие континуирано од 2012 година. Оттогаш до крајот на минатата година, Ристески создал долг на „Комуналец“ во висина од 47 милиони денари. Од нив, 21 милион денари се за камати, судски трошоци, адвокати и извршители. Доколку поранешниот директор Ристески плаќал навреме, немало да ги создаде овие штети на сметка на ЈКП „Комуналец“, потенцираше в.д. директорот Јованоски.

Ристески не ги плаќал ни обврските на ЈКП „Комуналец“ кон разни доверители, со што создал долг од дополнителни 25 милиони денари. Станува збор за познати фирми, редовни соработници на Општината и јавните претпријатија: „Новоградба“ со побарувања од 3.7 милиони, „Електро-Точила“ 3.1 милион денари и „Иман компани“ 2 милиони денари.

Од една страна, како што потенцираше Јованоски, Златко Ристески создавал штети, а од друга страна Марјан Ристески со пари од граѓаните ги покривал штетите на својот братучед, со тоа што од општинската каса ЈКП „Комуналец“ добивал високи субвенции. Само минатата година, 40 милиони денари, пари од граѓаните на општина Прилеп, завршиле на сметката на ова јавно претпријатие.

Поради наплата на извршни решенија од вработените, сметката на ЈКП „Комуналец“ во моментов е блокирана за околу 800.000 денари.

Како што беше најавено на денешната средба со новинарите, јавноста наскоро ќе биде информирана за нови дубиози во работата на поранешното раководство на ЈКП „Комуналец“ и директорот Златко Ристески, меѓу другото и за набавката на линијата за секундарна селекција на отпад.