НЕКА СЕ ВРАТИ ДИЈАСПОРАТА ДА ЖИВЕЕ ВО ОВАА ВУКОЈЕБИНА ПА ТОГАШ НЕКА КАЖУВААТ ШТО ДА ПРАВИМЕ СО ГРЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ!

0
799

Зошто иритираат бурните реакции на македонската дијаспора за името?
Па затоа што реагираат толку бурно само за името.
Никаде ги нема кога треба да реагираме против судството. Зошто? Бидејќи во земјите во кои живеат нема такво судство.
Никаде ги нема кога треба да се реагира против сиромаштијата. Зошто? Затоа што тие не живеат во сиромаштија.
Никаде ги нема кога треба реагираме против лошото здравство и високата смртност на новороденчињата. Зошто? Затоа што таму имаат добро здравство и бебињата им остануваат живи.
Никаде ги нема кога треба да реагираме против загадениот воздух. Зошто? Бидејќи дишат чист.
Затоа иритира нивното палење за името.
Ние не можеме да им забраниме да реагираат. Ама можеме да им кажеме дека се лицемери.
Ние живееме во заглавена вукојебина. А они ни држат лекции за патриотизам. Ела бе братче лечи се тука, диши тука, живеј со овие плати и кажувај што треба да правиме.
Ајт!

Фејсбук статус на Лазар Ѓуров