Нека не ве лажат, на 23 октомври 1893 не е создадена ВМРО!

0
891

Нека не ве лажат. На 23 октомври 1893 не е создадена ВМРО.

ВМРО е создадена од Тодор Александров на крајот на 1919. На 4 ноември 1893 година била создадена МРО која подоцна преминува во ТМОРО (1896) и ВМОРО (1905) – до 1908. ВМРО (на Александров) е сосема друга организација, со други цели и други методи. Нема никаков континуитет меѓу ВМОРО и ВМРО (разбиена во 1934).

ВМРО-ДПМНЕ (1990) нема никаква врска со ВМРО на Александров, а ВМРО на Александров е узурпација на традицијата на МРО/ТМОРО/ВМОРО. Митот за континуитетот на ВМРО е обична глупост. Денеска не треба да се одбележува МРО, туку на 4 ноември, затоа што Илинденското востание не го одбележуваме на 20 јули (кога е кренато по стар стил), туку на 2 август.

Историски, 23 октомври нема никаква врска ниту со ВМРО (на Александров), ниту со МРО, туку само со ВМРО-ДПМНЕ кои по грешка го претворија датумот на почетокот на Кумановската битка (1912) во државен празник.

Фејсбук статус на Жарко Трајановски