НЕВИДЕН ШОКАНТЕН СКАНДАЛ, БРУКА НА ВЕКОТ: Основен суд Скопје 1 издаде шокантно соопштение во кое го брани куртонот Миленко Неделковски од опозициските портали!?!?! САМО НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГО БРАНИ ФИЛИМЕНА МАНЕВСКА ИЛИ ЗВРЛЕСКИ!

0
196

Судот во Скопје наместо да си ја гледа работата и да гледа да се испере пред јавноста по скандалозните одлуки и она се што го слушнавме на бомбите на Заев како биле поставувани судии, тие се впуштија во вербална расправа и пресметка со опозициските портали!? Ајде сега нека почнат да демантираат се што се пишува на провладините медиуми и како се лаже за опозицијата и за критичарите на власта… Ова е дно!!!

osnoven-sud-skopje-1-skopje

Соопштенија за Јавност
21.07.2015 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во однос информациите поврзани со лицето М. Н. кои изминатите денови беа објавени на неколку информативни портали, а во кои се тврди дека :„Надлежен судија при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој е задолжен за изготвување на упатни акти за издржување на казни, сторил низа Кривични дела и ја злоупотребил служебната положба зошто на осуденото лице Миленко Неделковски, 8 години не му врачува упатен акт за издржување на затворска казна„, Ја информираме јавноста дека станува збор за груби лаги и невиситни со кои одредени портали сакаат да ја деградираат работата на судот.

По извршените проверки утврдивме дека за наведеното лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во моментот не се водат никакви постапки каде истиот се јавува како обвинет, а досега воопшто не се водела ниту постапка каде за истиот била донесена одлука за издавање на Упатен акт за издржување на казна затвор.

Впрочем, за сите информации поврзани со конкретен предмет или постапка која се води во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, претставниците на медиумите како и сите останати граѓани може да се запознаат преку Канцеларијата за односи со јавноста каде навремено и прецизно ќе добијат соодветен одговор. Но посочените портали, од за нас неразјаснети причини, воопшто не побарале официјална информација од судот, а наместо тоа се одлучиле да ја дезинформираат јавноста што само говори за кредибилитетот на овие портали.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.