НЕВИДЕНА ПИРОМАНИЈАДА НА ПИВОФЕСТОТ ВО ПРИЛЕП : ЗАПАЛЕНИ УШТЕ ДВЕ ПАЛМИ ВО ПРИЛЕП, ВКУПНО ТРИ ЗАПАЛЕНИ ПАЛМИ

0
278

lepe_plame_lepo_gore_2

Во екот на полноќните забави кои се одвиваат на камената бина во Прилеп, во рамките на овогодинешниот пивофест, синоќа беа запалени нови две палми, засадени во паркот пред општинската зграда.

Ова е втор пат да се палат палмите во Прилеп, после завчерашниот инцидент, кога за време на концертот на Прљаво Казалиште беше запалена уште една од палмите кои неодамна беа поставени во центарот на градот.

Високостеблестите влакнести палми од видот trachycarpus fortunei, кои пред извесно време беа засадени во повеќе градови во Македонија, меѓу кои и Прилеп, чинат по 500 евра од стебло.

palmi_vo_plamni plami_2

Извор : 10без10