НЕВЕРОЈАТНО: СВЕТСКИ МАКEДОНСКИ КОНГРЕС ПОВИКА ДА ПРЕСТАНАТ ЕТНИЧКИТЕ ТЕПАЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА!

0
211

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ИСКРЕНО ЖАЛЕЊЕ ЗА СМРТТА НА НИКОЛА САЗДОВСКИ И НАЈОСТРА ОСУДА НА ТЕПАЧКИТЕ НА ЕТНИЧКА ОСНОВА!

9 јули 2018 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува искрено жалење за смртта на дваесет и едно годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група “Комити“, кој синоќа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ во Скопје, после десет дена кома им подлегна на повредите, претепан на етничка основа, со шипки и ножеви на 29 јуни годинава, на автобуската постојка на булеварот “Александар Македонски“ во населбата Автокоманда, од страна на три машки лица кои излегле од патничко моторно возило “Мерцедес“.

СМК упатува искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Никола Саздовски и навивачката група “Комити“.

Животите и имотите на граѓаните се неприкосновени и неповредливи, не постојат интереси заради кои можат да бидат загрозени, а секое насилство и агресија се за најостра осуда, бидејќи секое насилство раѓа ново насилство, секоја омраза создава нова одмазда!

СМК очекува надлежните најитно да постапат по кривичните пријави против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), а делото насилство да го преиначат во кривично дело убиство.

СМК апелира до родителите, локалните власти, училиштата, политичките партии и здруженијата на граѓани превентивно да делуваат и придонесат за надминување на меѓуетничките тензии, за враќање на мирот, довербата и слободата на движење во Републиката.

СМК ги осудува тепачките на етничка основа на улиците, во автобусите и на автобуските постојки и од надлежните органи бара најстроги казни за сторителите против безбедноста, јавниот ред и мир и животите и имотите на граѓаните.

СМК бара реорганизација на МВР со повлекување на полицајците од станиците и нивно итно прераспоредување за реализација на проектот маалски полицајци односно позорникари.