НЕВЕРОЈАТНО : ДАЧИЌ ГИ ОБВИНИ ИВАНОВ И БЕЈЛИ ЗА ШПИОНСКИОТ НАПАД КОН СРПСКАТА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА?!?!

0
1296

Разговаравме за причините за овие релативно турбилентни неколку дена во нашите билатерални односи, мислам дека областа на разузнавање е деликатна и колку повеќе шпекулираме во јавност толку поголема беља создаваме, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по денешната средба со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Министрите излегоа задоволни од средбата и рекоа дека имале отворен и конструктивен состанок. Не открија повеќе за причините на српската Влада да ги повлече своите дипломатски претставници, но Димитров даде нов пресврт на ситуацијата велејќи дека Македонија не е инволвирана во овој разузнавачи скандал.

-Допрва треба да се види и да се работи на разјаснување на тие информации. Се радувам што тие информации доколку се точни, се радувам што не ја инволвираат македонската Влада. Оваа епизода покажува колку е важно да сме блиски, да имаме дијалог, чест и отворен. Свесен сум дека е јавноста збунета и жедна за информации, но поради природата на тоа прашање во оваа фаза навлегување во повеќе детали може да не однесе само онаму каде не сакаат да одат двете држави – посочи Димитров.

Дачиќ на кратко само изрази задоволство од отвореноста на разговорот.

-Заклучивме дека пријателите мора едни на други да си помагаат и да се поддржуваат – подвлече тој.

Својот говор го заврши со порака до новинарите да не бидат многу опширни со своите прашања за „нешто да не се расипе“.