НЕВЕРОЈАТЕН ШОК: Колата која плива во Вардар е на Весна Петрушевска, заборавила да крене рачна?!?!

0
3430

„Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мостот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба“, вели Петрушевска.(Фото:М.Златевска)

Колата што Пожарната бригада уште ја вади од Вардар е на актерката Весна Петрушевска.

Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ ја паркирала колата под мостот и влегла во театарот.

„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавено дека кола плови во Вардар и дека според досегашните сознанија нема патници во неа. Се работи на отстранување на возилото од реката, велат од МВР.

Извор : СДК