НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСЕДАН ВО ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА! Иванов си дава оставка, за да Заев остане без мандатот

0
622

Преговарачите не успеаја, но не успеаја ни лидерите. Груевски и Ахмети, останаа во своите ровови. Барем за јавноста разговарале, но без епилог и среќен крај како на претходните избори. Соопштението кое го испратија од двете партии беше идентично, но без содржина.

Ја немаше ни вообичаената фотографија за да се долови дека тие навистина сериозно разговарале и дека, како што беше досега, имаат и различни ставови, но сепак во интерес на Македонија договориле Влада.

На половина од времето кое Груевски го доби од Иванов, без да докаже дека има зад себе парламентарно мнозинство, се уште мандатот на СЈО и употребата на албанскиот јазик се камен на сопнување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

И дека ВМРО-ДПМНЕ ќе игра на сите карти за да состави Влада која ќе ги организира следните локални и парламентарни избори покажа вчерашната „посета“ на три лица на финансиската полиција кај градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта.

За Бејта ова е наредба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, по неговиот јасен став дека не познава Албанец кој посакува коалиција со Груевски.

Експертите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се упорни во тврдењата кои се без законски основ дека мандатот, доколку Груевски не успее да обезбеди мнозинство, во никој случај не смее да му се даде на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Напротив, според нив, Груевски треба да добива шанси се додека не успее да добие поддршка од 61 пратеник.

Бидејќи тезата нема законска основа, во јавноста како можен играч кој ќе предизвика предвремени избори го ставаат и Ѓорге Иванов.

Ако тој си даде оставка, нема да има кој да дава мандат, што би предизвикало предвремени парламентарни избори, што е посакувана вријанта за Груевски доколку не се договори со Ахмети. Тој ќе ги има сите алатки за да ги спроведе изборите по свој терк.