НДП: Поддршката за СЈО не познава политички партии

0
181

„Национална Демократска Преродба во континуитет има изјавено дека институцијата на специјалното обвинителство ќе ја исполни во целост нејзината мисија, и заради тоа се бара подршка од сите политички партии во земјата, без исклучок, вклучувајќи ја и меѓународната заедница во целост. Оваа подршка е се по потребна кога ја гледаме сложеноста на случајот Тврдина, каде што деградацијата на уништување на институциите на државата достигнува загрижувачки размери.

Според Национална Демократска Преродба, започната постапка Тврдина е почеток на расклопување на јазолот кој ги оштетил сите државни институции за еден подолг временски период. Сложеноста на јазолот не познава ниту една политичка партија кога станува збор за подршка на СЈО. Оваа ситуација бара унификација на сите прогресивни сили внатре и надвор од државата за подршка на специјалното обвинителство, имајќи ја во предвид сложеноста на ситуацијата . Сега е дојдено време кога политичкото поентирање врз грбот на државните институции треба да заврши веднаш, бидејќи во спротивно последиците ќе биде огромни што нема да остане ништо во државата за да се поентира политички“, се вели во соопштението на НДП.