НДП : Диктаторскиот режим го уништи судството во земјата

0
266

– Национална Демократска Преродба од првиот ден побара да се формира специјален суд кој ќе се справи конкретно со ова вонредна ситуација. Ова барање станува се по ургентно со публикација на преслушувањата меѓу внатрешните членови на власта, презентирани од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, каде што многу јасно се виде дека во Македонија повеќе од една деценија не постои независно судство. Денес се виде како оваа тоталитарна власт на неуставен и незаконски начин ги прекршува основните човекови права и слободи, кои се гарантирани со меѓународни акти и познати со уставниот ред на Македонија – велат од НДП како рекација на денешниот прес на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ndp

– Презентираните преслушувања од страна на лидерот на опозицијата треба и мора да бидат силен аргумент за меѓународната заедница, за непосредна интервенција, бидејќи сега станува збор за една абнормална ситуација со катастрофални последици за земјата. Вистина е дека секоја држава има свој суверенитет, но овој суверенитет е уништено токму од актуелната власт на земјава, но со иинтервенција на меѓународниот фактор може само да се врати изгубениот суверенитет. Се бара непосредно да се формира специјален суд, и независен  меѓународен обвинител, бидејќи само на овој начин оваа вонредна ситуација би можела да заврши во законски рамки со конкретни резултати на одговорност – стои во соопштението на НДП.

-За албанското јавно мислење со голем интерес е да се објават притисоците и директивите кои и се направиле на судството за случајот Монструм, Бродец и многу други случаји каде се осудени лица без никаков аргумент , и не се осудени криминалците кои држат јавни функции во власта на ВМРО и ДУИ.
НДП како и во минатото така и сега, го осудува секој акт и тенденции на власта од страна на политичките олигарси веќе познати за сите, кои несомнено како цел им је соработка во криминални дејствија над целата популација а особено на албанците. Оваа екстремна политизација предизвика голема штета не само на НДП, туку и за целото општество на оваа земја. НДП повторува дека принципот на поделба на власта на административен, законодавен и судски, е камен- темелник на демократијата,  како и  слободите и човековите права кои треба да се почитуваат без исклучок. Сега е време да се стави крај на оваа власт и да почнат да се постават темелите на правна држава – велат од НДП.