НА РЕГИОНАЛНИОТ ПРАВЕЦ БРВЕНИЦА – РАДИОВЦЕ, СЕЛЈАК СО БМВ УСМРТИЛ 61 ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ

0
1954

Регионалниот патен правец Брвеница – Радиовце зеде уште една жртва. 61 годишен велисипедист од Долно Седларце почина, откако на него налетал автомобил БМВ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22 годишен тетовец.

Жителите на Брвеница велат дека на овој патен правец се вози пребрзо. Често се случуваат сообраќајки со жртви. Бараат да се постават легнати полицајци, и да има зачестена сообраќајна контрола.

Дел од нив сметаа декa сообраќајките се случуваат и поради инфраструктурни сообраќајни недостатоци на патот.