НА МАКЕДОНСКИТЕ СУДОВИ ОВЦИ ДА ИМ ДАДЕШ СО ОГЛАВ ВРЗАНИ ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ : Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

0
320

Никола Војминовски кој е осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села на 27 април 2017 година, а кој се наоѓа во куќен притвор, избегал, односно полицајците при проверка не го нашле дома. Според информациите од кривичниот суд, по него е распишана интерна и меѓународна потерница.

„Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка“, соопштија од кривичниот суд.

Од таму додаваат дека Кривичниот совет донел решение со кое на Војминовски му се определува мерка притвор откако ќе биде пронајден и дека е издадена наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

Војминовски доби највисока казна за нападот на Села од 13,6 години. За обид за убиство на Села, освен него, во јули минатата година осудени беа и Кире Ѓорѓиевски на 13 години затвор, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов. Дејствијата преземени од Александар Јаневски – Тошта и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот.