Најубавиот паб во Лондон на цвеќе троши £25,000 фунти годишно

0
348

Со изборот од преку 3500, Лондон е полн со пабови. Сепак, еден од нив е сосема поинаков од сите други.  Најмногу поради фактот што е скоро целосно сокриен од вистинска лавина на цвеќиња, кои чинат повеќе од годишната плата на многумина.  The Churchill Arms е прекрасен цветен паб и голем хит на социјалните мрежи.

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

За почеток, ајде да се осврнеме на насловот: за да ја создадат својата цветна фасада, за декорации The Churchill Arms издвојуваат 25.000 фунти годишно . Но, тоа е Кенсингтон, па зарем  очекувавте скромност?  Кога доаѓа проелтта и цвеќињата цветаат, The Churchill Arms е покриен со 100 саксии, 48 жардињери и 42 висечки кошници, или  безброј цвеќиња во прекрасни бои.  Замислете го кутриот тој што треба да ги полева!

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

Во зимскиот период за Божиќните декорации, The Churchill Arms троши малку поразумен износ од 5,000 фунти.

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

Со тие пари купуваат 90 елки и скоро 12,000 светилки.  Дедо Мраз сигурно застанува тука и апсолутно нема шанси да не го види пабот.

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

Внатре, декорот е подеднакво вчудоневидувачки.  The Churchill Arms е како катедрала за сувенири на Черчил, со слики, банери и други детали низ целиот паб.

Тука, Черчил ги правеше своите воени емисии и се смееше на акварелите на Хитлер  додека пиеше банана дакирис.  The Churchill Arms има конекција со некогашниот Премиер: неговите баба и дедо во него минале голем дел од 1800-те , па оттаму по Втората Светска Војна пабот го добил името The Churchill Arms.

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

Ова место е навистина паб со многу убави изненадувања. На пример, украсите на пабот добија награди од Chelsea Flower Show. Далеку од прилично откачениот декор, The Churchill Arms е (наводно) првиот паб во Лондон кој почнал да служи тајландска храна. И дали би изненадило да дознаете дека тука ќе најдете и извонредна, прекрасна градина во затворено?

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно

Можеби цветните ѕидови, пад таи, и Винстон Черчил не се традиционлна комбинација, но во The Churchill Arms тие дефинивно функционираат.

Најубавиот паб во Лондон на цвеќе торши £25,000 фунти годишно