(ВИДЕО) НАЈСТАРИТЕ ВЕТЕРНИЦИ КОИ СÈ УШТЕ ВРТАТ

0
153

Краток поглед во една човечка креација за користење обновлива енергија која успешно функционира и после еден милениум од создавањето. Ветерот дува и после 1000 години, ветерницата може да врти исто така и после 1000 години.

Направени се уште пред илјада години од кал, сено и дрво во тогашна Персија, високи се 20 метри и имаат една цел за која биле создадени, скротување на енергијата од ветерот за потребите на локалното население.

Илјада години потоа и сè уште си имаат стопан кој се грижи за нив и ги користи благодетите кои ги даваат, чиста енергија за мелење на житото во брашно.

Човекот кој сега се грижи за нив на крајот од NG репертоарот дава така убав приказ за денешните користења на горива за енергија: “Ветерниците не го загадуваат воздухот како што тоа го прават автомобилите. Чистиот воздух е тој кој ги врти ветерниците, воздухот што дава живот кој секој може да го диши.”

СПОДЕЛИ