НАЈДОА КОЈ ДА ЗБОРАТ ЗА ПОСЛУШНИ СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ : ВМРО-ДПМНЕ почнаа да плачат преку писмо ЗА МЕСТЕНКИ ВО СУДСТВО И ОБВИНИТЕЛСТВО, испратено до Жбогар кој не го признаваат за АМБАСАДОР ТУКУ ЗА ПЛАТЕНИК И ПРЕДАВНИК!

0
286

Пратеникот Антонио Милошоски вечерва информираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево испратила писмо до евросамбасадорот Самуел Жбогар со кое го информира дека во собраниска процедура е владиниот предлог- законот за Академија за судии и дека власта за избор на новите судии и обвинители на „прво место ги става дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата“.

Од опозициската партија сметаат дека со ова власта сака да инсталира политички подобни судии и јавни обвинители.

-Со предлог законот исто така се злоупотребува знамето на ЕУ, но не за да се усогласи законот до некоја ЕУ регулатива, туку само за скратување на роковите за постигнување на политичката цел на власта да ги дерогира стандардите за упис на Академијата, со директно мешање на претставникот на министерството за правда во испитната комисија. Упативме и писмо до амбасадорот на ЕУ, г-нот Жбогар, за да даде одговор за ваквата злоупотреба.

На расправата на Комисијата за политички систем укажавме дека власта има цел наместо мерит систем и квалитет, да воведат принцин на дискреција за подобни луѓе и роднини, синови и ќерки на високи судски функционери, високо рангирани обвинители и актуелни политичари да одлучуваат кој ќе бидат идни судии и јавни обвинители по теркот влијателните луѓе од власта. Веќе станува јасно дека има кандидати кои се привилегирани и по основ на непотизам и/или партиска подобност се веќе сигурни дека ќе го поминат испитот за влез во Академијата, како синот на Претседателот на еден суд, ќерката на една обвинителка од ОЈО, снаата на една сегашна функционерка од СДСМ во Собранието, синот на Претседателот на едно правосудно тело, внуката на поранешна пратеничка од СДСМ (сега вработена во СЈО), синот на еден висок државен функционер на ДУИ, блиска личност на ген.секретар на владата, партиски адвокат од ОО на СДСМ од внатрешноста и други повластени кандидати за идни судии. Принципот на еднакви шанси при конкурирањето во Академијата е девалвиран. За ова писмо очекуваме одговор од Амбасадорот Жбогар, а темата ќе ја искомуницираме и со ЕК во Брисел, напиша Милошоски.