НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОЛОШИ ДЕНОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА : Вељаноски ги распиша изборите на 5 јуни

0
114

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информираат од неговиот кабинет.

„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштенето испратено до медиумите.