НАУМ ПЕТРЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ: Не требаше така да напишам, во моменти на револт избрзав, жалам за напишаното, ме погоди обвинувањето дека сум убиец на кучиња

0
397

По жестоките критики на интернет за вчерашниот коментар во кој многу жестоко нападна една своја критичарка, пејачот Наум Петревски во изјава за Мактел.мк се извини за инцидентот.

Името тој вчера напиша:

– “Не ми требаше таков коментар, во знак на револт избрзав. Таа ме обвини дека сум убиец на кучиња, а јас самиот чувам дома куче и се грижам за него како да ми е дете. Сепак се извинувам за мојот коментар, во иднина ќе внимавам како јавна личност со коментарите на социјалните мрежи, сите треба да повикуваме на намалување на омразата на едни кон други во македонската политика, без разлика кој кон која партија има симпатии” – изјави по телефон за Мактел нашиот славен пејач.

Добро е, кога секој што ќе згреши ќе се извини, одличен потег на нашата музичка легенда.