Наумче Мојсовски: Стево е играч кој ќе го остави срцето на терен за подобро утре

0
1123

Прв говорник на вчерашниот митинг за поддршка на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, беше ракометарот Наумче Мојсовски.

Тој кажа дека како играч многупати се борел за победа на Македонија секаде во светот, затоа знае дека таков играч е и Стево Пендаровски. Наумче истакна дека е убеден дека се чекори кон вистинскиот пат, кон НАТО и ЕУ. Тој рече дека Стево е вистинскиот играч и дека ќе го осстави срцето на терен за подобро утре.

– Со него Македонија ќе оди напред -рече Мојсовски.