НАТО: Кршењето на воздушниот простор на Турција е „неприфатливо“

0
293

stoltenberg2

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека кршењето на воздушниот простор на Турција од страна на Русија е „неприфатливо“.

Турски ловци „ф-16“ во саботата пресретнале руски борбени авиони, кои влегле во турскиот воздушен простор над границата со Сирија и ги принудиле да се вратат назад, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција.

Анкара, исто така, побара од Русија да избегне повторување на ваквиот инцидент со предупредување дека „Руската Федерација ќе се смета за одговорна за секој можен несакан инцидент“.