МУ ОБЈАВИ ЛИ ВОЈНА СОРОС ФОНДАЦИЈАТА НА ЗАЕВ, И ЗОШТО ДА?!

0
357

Македонија не се ослободи од режимот на Грујо благодарение на Сорос фондацијата, иако некои сакаат да шират такви илузии по повод 25 години постоење на фондацијата во Македонија…

Не само што не помогна да се ослободиме од режимот, фондацијата несакајќи помагаше режимот да опстане служејќи како страшило и вреќа за боксирање на која се празнеа режимските медиски кучиња и на чија сметка завршуваа политичките интервјуа и соопштенија од центарот за пропаганда воден од Илче Гебелс и Мартин Ендек.

Секако, сите ние бевме цел на тој напад на режимот, но Сорос Фондацијата беше перфектно страшило, елитистичка дружба, финансирана од богат Евреин со живеалиште во САД, со интелектуалци кои често изјавуваа работи и тези кои беа речиси политички самоубиствени а без доволна медиска ескадрила тие тези да се одбранат во јавноста, Сорос Фондацијата со години како да беше нарачана и создадена од ВМРО ДПМНЕ за секој ден да ја газат и мелат и џвакаат пред очите на јавноста.

Исто како што сите вакцини работат според сценариото – пушташ ослабена верзија на вирус, кој потоа служи за вежбање на имунитетот на организмот чии анти тела се вежбаат на тој ослабен вирус, така и Сорос Фондацијата беше ослабен вирус на слободата на кој една декада се учеа анти телата на режимот, витезите кои ја бранеа фамилијата, разните Љупче Златевци, Чилимановци и останато режимски копуци и кучиња.

Фондацијата Сорос има и уште еден грев, дури и поголем од овој што досега го објаснував, а тоа е што не ја спреми Македонија да биде отпорна на режими, национализми, фашизми и конфликти, значи целосно ја промаши својата функција за која беше создадена, иако потрошија стотици милиони евра. Се покажа дека сите тие семинарчиња низ годините биле фрлање пари во Вардар.

Фондацијата и нејзините истурени портпароли, сега, кога Македониа е отворено општество, прави уште едно злодело, си ја припишува целата слава на своја сметка, што секако не е фер.

Македонија се ослободи поради бомбите и поради храброста на еден човек кој потоа создаде една чета фанатици на Бихачка кои потоа изведоа еден партизански десант и поход во кој секако помогнаа и НВО организациите па и Сорос, но сепак, тоа е секундарно, да ги немаше бомбите и Заев, ништо не ќе беше можно, ни преврат, ни Шарена, ни СЈО ни бутур!

Сега, Владе Милчин сака да ја искористи таа слава за да биде некаква македонска верзија на Добрица Ќосиќ кој ќе кажува што треба и како треба, со помош на неговиот верен лишко, загарот Геро.

Заев они го замислуваат како некаков политички Лазе Бараков од македонски народни приказни, значи копук, кој без нивен совет и амин нема да може денот да го истера. Не само што тоа го мислат во себе, туку и отворено го признаваат, слушнете и погледнете ја емисијата на Сашо Ордановски каде Геро го нарече Заев локален ограничен политичар кој влегол во филм дека е голем револуционер и државник.

И кога видоа дека нема ништо од тој филм во кој долго време верувале, сега ја бомбардираат владата со критики, паранои, се обидуваат да ја покренат верната болумента позади нив која без мислење и во септичка јама би скокнала со отворена уста, се со цел, сакал неќел, Заев да прифати Владе и Геро да бидат политичките стратези, кои од сенка ќе владеат со Македоња. Дури, оставам можност и да не се работи за гола потреба за моќ и власт, туку чисто да си го почешаат егото и суетата, едноставно да бидат дневно прашувани за се, за да потоа заспиваат со помислата дека ете, они, мудреците ја кормиларат земјава, додека сите во влада само ги извршуваат досадните, идиотските аргатски работи откако они мудреците ќе ја одредат агендата и стратегијата.

Секако пропратно тука се надевале и они да кажуваат кој ќе биде амбасадор, кој директор, кој градоначалник, и сигурно тоа го ветувале на многу луѓе, и сега се нервираат дека не можат да протнат ниту еден од тие на кои им ветувале… Значи они сакале да бидат кадровици во сенка… Ова не е ни тајна, Геро со месеци урла за некои кадровски решенија во владата, значи он не спори за принципи и вредности, он урла за некои фотељи кои веројатно он ги меркал за некои свои луѓе во владата и мислел дека нему му припаѓаат…

Не знам што ќе произлезе од овој дуел кој е се повеќе очигледен меѓу Сорос Фондацијата и владата, не смее да се потцени и да се игнорира, наивно е да се каже ако од тоа нема да има штета за Македонија, затоа што владата искрено се труди да ја повлече Македонија кон Брисел, а овие муви кои брчат секако дека ќе ја деконцентрираат и ќе и одземат дел од силите за тоа влечење напред…

Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.Мк