МУХАМЕД ЗЕКИРИ РОКНА БОМБА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27-МИ АПРИЛ: Видов лице кое држеше пиштол. Bо еден момент му падна!

0
853

Пратеникот Мухамед Зекири во моментот сведочи во Кривичниот суд, за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието.

Тој појасни дека додека лидерот на СДСМ,  Зоран Заев и Талат Џафери давале изјави во прес салата, тој  заедно со уште неколку колеги и колешки биле во галеријата.

-Додека зборуваше Џафери, на мониторите видовме дека вратите на Собранието се отворија и толпата почна да влегува. Прв на мета беше Заев, кој почна да крвари од челото. Јас заедно со четири колешки се засолнивме во една од кабините за превод во галеријата, и од таму гледавме што се случува во прес салата, сведочеше Зекири, пренесе Фокус.

Тој истакна дека во тој момен биле нападнати пратениците Павле Богоевски и Фросина Ременски.

– Напаѓачите ме бараа и мене. Викаа каде е Муки, каде е шишптарот, а ме повикуваа и со други навредливи зборови. Тогаш се обидоа да ја отворат вратата од кабината, но не можеа, а Ременска им рече дека таму нема никој, рече пратеникот.

Зекири појасни дека во кабината останале повеќе од два часа.

-Тоа што ми остави впечаток е едно лице кое со раката држеше пиштол. Беше во прес салата и не беше во првиот ред. Дури во еден момент пиштолот му испадна па се наведна да го бара, рече Зекири.

Тој го опиша лицето со пиштолот, па рече: “Носеше црна маица, беше ќелав и со брада”.

Тој додаде дека видел уште две лица кои носеле оружје, за кои подоцна дознал дека се од собраниското обезбедување.

-Кога толпата беше најгневна се слушна истрел од обезбедувањето на Оливер Спасовски. Толпата како да се потсмири но продолжија да напаѓаат. Тогаш дојдоа пратениците Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев. Тодоров брутално беше истеран, а Ѓорчев остана во првите редови да ги брани пратениците., рече Зекири.

Тој истакна и дека во прес салата имало луѓе со фантомки, кои ја координирале толпата.

-Овие луѓе со фантомки им кажуваа на останатите кога да напаѓаат а кога да се смират, се присети Зекири.