Мухамед Зекири до Грујо: Мислиш дека се заборавени „Бродец“, „Монструм“, „Диво Насеље“? ЌЕ ОДГОВАРАШ И ЌЕ ЛЕЖИШ!!!

0
2035

Мухамед Зекири, членот на Извршниот одбор на СДСМ на својот Фејсбук профил го прокоментира делот од интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за Република во кој тој говори за двојазичноста.

„Груевски гледам почнал да се фали дека ВМРО-ДПМНЕ го донел законот за јазиците, за албанското знаме, за универзитети на албански јазик.
Груевски види вака, немој да мислиш дека Албанците забораваат што ЗЛО и навреди имаш искажано на наша сметка. Мислиш дека може да се заборават: Енциклопедијата, стотината полициски акции, Бродец, Монструм, Сопот, Диво Насеље Куманово, Скопје 2014, тепањето на средношколците Албанци, десетици убиства во неразјаснети околности на Албанци од кои ниту едно не е расфетлено, стотина уапсени во монтирани судски процеси, да не говориме за економската дискриминација на населените места со доминантно албанско население има уште многу други злодела ТВОЈ за кој ЌЕ ОДГОВАРАШ И ЌЕ ЛЕЖИШ!!!

П.С Да не заборавам да спомнам дека и независноста на Косово беше признаене во твое време Груевски, ама Ти тогаш како КУКАВИЦА се криеше во владата и одговорноста ја префрли на пратениците во Собранието. И памтиш ли зошто летово при поплавите во Скопје не штедеше ништо за да помогнеш во Стајковце а не и во Сингелиќ (Хасанбег)?

Ќе ти кажам јас зошто затоа што поголемиот дел од оштетените во Сингелиќ беа Албанци“.

Фејсбук статус на Мухамед Зекири