МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Да ги платеше опозицијата, ВМРО и ДУИ немаше да направат ваков кикс!

0
109

muhamed-zeqiri

Мухамед Зекири главен уредник на Алсат-М, смета дека лицемерието на владејачките партии нема крај. Според него законот е кикс кој ќе им се удри од глава.

„Да предложиш закон со кој ќе се забрани објавувањето на т.н. бомби треба или да си „глуп“ или да си тепан со мокар чорап по глава. Ова покажува колку партиите на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгубиле секакво чувство со реалност . Да ги платеше опозицијата немаше немаше да направат ваков кикс владините партнери. Зачудува уште повеќе фактот што партијата на Али Ахмети покажува дека е вазал на ВМРО ДПМНЕ со самиот факт што токму Интегративците го предложија овој бесмислен закон.

Ахмети беше тој кој јавно го повикуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев да објават се што имаат за него и неговите соопартијци па дури и приватни разговори за сега да излезат и да бара со закон да се забрани објавувањето на т.н. бомби на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се во недоумица дали да ја изберат змијата или магарето. Нивното лицемерие очигледно нема крај!